Специјализирана Lenovo продавница

Lenovo V15 Gen 4 - лаптоп за секојдневни задачи

 Ана Силаѓи 13 Мај 2025 


Моќниот и пренослив Lenovo V15 Gen 4 е дизајниран да се справи со сите ваши секојдневни проекти. Со побрза обработка на податоци, подолго траење на батерија и најнови функции за поврзување, овој уред лесно може да Ве држи во чекор со сите активности.
Доаѓа со 15,6-инчен мат FHD IPS дисплеј и резолуција од 1920 x 1080 која создава кристално јасни слики со неверојатни детали.

Image:Lenovo V15 Gen 4

Lenovo V15 Gen 4 е дизајниран да ги исполни воените стандарди MIL-STD-810H. Тестиран е на сурови услови, вклучувајќи екстремни температури, притисок, прашина, влажност, вибрации и друго, за да се создаде доверба во издржливоста на уредот. Цврстите шарки овозможуваат да се отвори до 180 степени. Тастатурата е со меки копчиња.

Во однос на “внатрешноста“ Lenovo V15 Gen 4 сега  е со перформанси на кои можете да им верувате благодарение на Intel Core процесорот  i7 од 13-та генерација. со зголемен број на јадра  за оптимизација и беспрекорен мултитаскинг и интегрираната Intel UHD графика која додава моќ за креативни задачи.



Lenovo V15 Gen 4 овозможува брз пристап до сите периферни уреди и мрежи со големиот избор на порти. USB Type-C го обработува преносот на податоци, може да врши пренос на видео и аудио како DisplayPort и може да го полни уредот, додека HDMI испорачува аудио и видео, а USB Type-A 3.2 и USB 2.0 портите може да Ве поврзат со други периферни уреди.  RJ-45 портата овозможува брза конекција од домашни или канцелариски мрежи.

Image:Lenovo V15 Gen 4
Безжичната поврзаност од Wi-Fi 6 ветува брз пристап до интернет и брзи преземања и прикачувања. Bluetooth 5.2 овозможува лесно поврзување со додатоци.


Сумирајќи сè, Lenovo V15 Gen 4 е бизнис лаптоп. Перформансите се навистина добри, траењето на батеријата е одлично, што го прави идеален лаптоп за секојдневни работни задачи.


Споделете ако ви се допаѓа:

Приклучи се на дискусијата: