Специјализирана Lenovo продавница

ThinkPad X1 2-in-1 Gen 9 - “Р“ЕВОЛУЦИЈА ВО YOGA

 Ана Силаѓи 08 Мај 2025 


Со овој лаптоп Lenovo ја продолжува еволуцијата на ThinkPad за серијата X1.
Ознаката 2-во-1 очигледно ја замени ознаката "YOGA" за да означи преклоплив лаптоп за 360°.
Но ова е повеќе од постепена промена, туку ThinkPad X1 од деветата генерација претрпе измена како во изгледот, така и во функционалноста.

Намалени димензии и тежина, потесна рамка на дисплејот, поистакната камера/микрофон, преместени порти, преместено е копчето за вклучување како и читачот за отпечатоци од прсти, опционална подлога за допир без копчиња и преместување од гаражно пенкало до нешто поголемо што магнетно се прицврстува на лаптопот.
Image:ThinkPad X1 
2-in-1 Gen 9
Новиот процесор го подобри времето на работа на батеријата (речиси двојно повеќе од генерација 8), а удел има и OLED дисплејот кој е и подобар за Вашите очи. Воедно и физичкиот кориснички интерфејс на ThinkPad X1 е значително различен. Заштитникот лист на екранот вклучува листа (цртеж) на направените измени за полесно препознавање и лесно прилагодување на истите.

Спецификации на оваа машина:
✅ Core Ultra  со 12 јадра од кои две P јадра, осум E јадра и две LPE јадра
✅ меморија до 64GB и 2TB SSD
✅ екран на допир кој е покриен со посебен слој што го штити дисплејот од отпечатоци од прсти и размачкување и спречува појава на дамки и нечистотија да се лепат на површината
✅ целосно изработен од алуминиум и со тежина до 1.35кг
✅ и се разбира безбедноста на податоците обезбедена со: Face authentication, User Presence Sensing*, Human presence detection*, Fingerprint reader, Lenovo View Privacy Guard*, Lenovo View Privacy Alert*
Trusted Platform Module (TPM) 2.0*
✅ од мало "гаражно" пенкало, сега добивате поголемо пенкало кое лесно се прикачува од страна на лаптопот со магнет
Image:ThinkPad X1 
2-in-1 Gen 9


Полесен и покомпактен, со тенка рамка која го држи дисплејот и на која самата камера е поистакната, го прави ThinkPad X1 2-in-1 Gen 9 незаменлив за секое бизнис патување.
 
* ДОСТАПНИ ВО НЕКОИ МОДЕЛИ
 


Споделете ако ви се допаѓа:

Приклучи се на дискусијата: