Ексклузивна Lenovo продавница
Дополнителна гаранција



Грижата на Lenovo кон своите клиенти не се изразува само во наведениот гарантен период при купувањето. Одржувањето и сервисирањето продолжува долго потоа.

Некои модели на Lenovo компјутери се достапни со една година гаранција, што претставува оптимална опција со оглед на темпото на развој на технологијата.

Кај дел од корисниците барањата од компјутерот не се менуваат пропорционално со развојот на компјутерската техника. Тие подолг период се задоволни од своите системи и немаат потреба од замена.

За такви клиенти, кои ги користат нивните компјутери подолго време, Lenovo и Lenovo Exclusive Store нудат продолжување на гарантниот период до три години. Ова се условите и начинот на кој може да се направи тоа:

Купување на ServicePack

Ова претставува можност да се зголеми гарантниот период на Lenovo системите, од стандардната една - на три години. Со купување на ServicePack - дополнителен гарантен пакет - си обезбедувате дополнителна безбедност на системот и спокојство при работата со минимална вредност.

Можете да нарачате Продолжување на гаранцијата при купување на Вашиот компјутер или најдоцна до 30 дена пред истекот на гарантниот рок. Контактактирајте нè. Екипата на Lenovo Exclusive Store ќе Ви ги даде потребните информации и консултации за условите при купување на ServicePack.