Општи услови за користење
Оваа страница е сопственост на Lenovo Exclusive Store *. Компанијата има право да ја менува содржината, начинот на пристап до информациите во него и сегашните услови во секое време и без претходно известување.
При пристап на овој сајт и материјалите и информациите кои се содржат во него, Вие се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле со условите за користење на сајтот.
1. Одговорност
Иако сите компании поврзани со Lenovo Exclusive Store вложуваат максимални напори да обезбедат точни и актуелни информации на своите интернет страници, можно е да има пропусти и неточности. Lenovo Exclusive Store не сноси одговорност за какви и да се директни, индиректни, инцидентни, консеквентни или други штети настанати поради или поврзани со Вашиот пристап или користење на нашата страница.
Lenovo Exclusive Store не гарантира за точноста или комплетноста на информациите што се содржани на сајтот и не ги сноси обврските од евентуални грешки или пропусти. Корисниците на сајтот се одговорни за оценување на точноста на информациите или друга содржина, што е на располагање на интернет страницата.
Lenovo Exclusive Store не гарантира непречен и континуиран пристап до овој сајт.
2. Гаранција на приватноста на информациите кои содржат лични податоци
Lenovo Exclusive Store максимално се труди да гарантира заштита на информациите кои содржат лични податоци доставени од онлајн корисниците преку пополнети формулари, електронска преписка, форуми, блогови или преку електронската продавница на компанијата.
3. Поврзани Интернет страници
Корисниците треба да имаат предвид дека Lenovo Exclusive Store не ја анализира содржината на информациите содржани во хипер-линковите или во сродните Интернет страници и во таа смисла не презема одговорност за точноста или комплетноста на овие информации. Lenovo Exclusive Store, нејзиното Управно тело, нејзините вработени и консултанти не сносат обврски од евентуални неточности и нецелосни информации во содржината на хипер-линковите или во сродните Интернет страници.
Lenovo Exclusive Store го задржува правото да го прекине секој линк или поврзана програма во секое време.
4. Авторски права
Дизајнот, структурата и содржината на овој веб-сајт се предмет на авторски права, како ексклузивно правото за употреба им припаѓа на Lenovo Exclusive Store. Корисниците можат да печатат одделни страници и / или делови, слики (логоа), графика и сл. од веб, под услов да не ги избришат идентификувачките и авторските знаци, трговски марки, трговски марки на производи и услуги и логоа.
На корисниците им се забранува да модифицираат, копираат, објавуваат, продаваат или лиценцират некој дел од или целата содржина на интернет страницата и да го користат за каква и да е јавна или комерцијална намена, освен за промовирање на информации за производите и услугите на Lenovo Exclusive Store.
5. Содржина
Во некои делови на овој веб-сајт и сврзаните со него веб-сајтови, корисниците може да креираат своја содржина. Корисниците не треба да создаваат информации кои ги кршат правата на другите, кои се незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, груби, непочитувачки или погрешни.
Lenovo Exclusive Store го задржува правото да ја уредува или уништува содржината која не го почитува добриот тон и е во спротивност со кое и да е од гореизложените правила.
6. Регистрација
Постапката за регистрација на сајтот е апсолутно доброволна и бесплатна. За да се регистрирате користите ја формата за регистрација на сајтот или најавете се со вашиот Facebook профил. Регистрацијата е завршена откако ќе добите валидација на вашата e-mail адреса. Ве молиме следете ги инструкциите при регистрацијата и во електронската порака, која ќе Ви ја испратиме.
7. Нарачка во онлајн продавницата
Потребен услов за да се изврши нарачка е да имате валидна email адреса. Одговорност на секој потрошувач е точно да ги пополни податоците кои содржат адреса за испорака и плаќање и податоци за контакт. Потврдувањето на нарачката на одредена стока се прави со притискање на копчето "Нарачај".
При направена нарачка, ќе добиете потврда на нарачката на e-mail адресата што сте ја вовеле.
Продажно лице од Lenovo Exclusive Store по потреба ќе се поврзе со Вас по телефон или e-mail за да ги одреди подробностите околу испораката.
8. Плаќање
Производите нарачани од онлајн продавницата можете да ги платите на еден од следниве начини:
Плаќање при достава - "на врата";
Плаќање по електронски пат со платежна картичка;
Плаќање во банка со про-фактура;
Плаќање во просториите на компанијата.
Независно од избраниот инструмент, сите плаќања се вршат само во македонски денари. Со прифаќањето на тековните општи услови Вие ја давате својата експлицитна и безусловна согласност да ја платите авансно, целата продажна цена на производите нарачани преку онлајн продавницата.
9. Договор
Договорот за продажба од далечина помеѓу Lenovo Exclusive Store и купувачите се смета за склучен од моментот на потврдување на конкретната нарачка од страна на Lenovo Exclusive Store.
10. Испорака на нарачана стока. Рок на испорака
Испорака на нарачаните производи преку онлајн продавницата се врши со курир. Доставата се врши само на географската територија на Република Македонија, која ги исклучува испораките во македонски странските дипломатски мисии, амбасади, и др. кои според нормите на меѓународното право се сметаат за дел од територијата на Република Македонија. При испораката примачот потпишува испратница со која се потврдува исполнувањето на договорот.
Рокот за испорака на порачани производи од онлајн продавницата е во рок од 3 работни дена по потврдувањето на нарачката. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 13 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. За стоките кои се означени како "Очекувани", рокот на испорака ќе биде доставен дополнително на корисникот, според конкретната нарачка или барање.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да нѐ информира веднаш, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Lenovo Exclusive Store не може да преземе никаква одговорност.
При неможност за врачување на пратката не по вина на Lenovo Exclusive Store и / или курир, договорот за продажба од далечина автоматски завршува. Во овој случај, како санкција за купувачот за непридржување кон договорот, Lenovo Exclusive Store ги задржува сите платени износи од страна на купувачот. Кажаното во претходната реченица се однесува и на случаите кога примач неосновано одбива да ја прифати пратката.
11. Откажување од склучен договор и враќање на платениот износ (Return Policy)
Купувачот може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака.
Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на производот кој се враќа назад до Lenovo Exclusive Store е на сметка на купувачот.
12. Услови за враќање на платениот износ (Refund policy)
Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била користена при плаќање на производот.
13. Услови на замена на нарачана стока / услуга (Exchange policy)
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.
Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или фактура-испратница и другите пропратни документи кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
* Lenovo Exclusive Store врши комерцијални операции во Македонија во име и за сметка на Ај Би Ес Македонија ДООЕЛ Скопје