Ексклузивна Lenovo продавница

Најчесто поставувани прашања

Нашата задача е да создадеме лесно и пријатно искуство при Вашето интернет купување на lenovoonline.mk. Ве молиме доколку не најдете одговор на Вашите прашања или ако Ви е потребна некоја друга информација - контактирајте нè на тел. 02 3100 461 или email:


Како да добијам повеќе информации за производ?

Ако имате дополнителни прашања за одреден производ, Ве молиме контактирајте нè директно на тел. 02 3100 461 или email:

Како да ја променам мојата нарачка?

Производите и количините во Вашата нарачка може да биде изменети во секое време пред да ја потврдите нарачката и начинот на плаќањето. Ако сакате потоа да направите промени, тогаш мора да нè контактирате на тел. 02 3100 461 или email:

Како можам да платам?

  1. Онлајн преку виртуелен ПОС терминал, со картички Visa, Mastercard и Maestro
  2. Во готово, со кредитна или дебитна картичка (Visa, Mastercard, Maestro) во канцеларијата на Ај Би Ес Македонија на адреса ул. Атинска бр. 12, 1000 Скопје
  3. Преку банкарски трансфер на сметка: 240050001995268
    Банка: Уни Банка

Каква е гаранциската политика на Lenovo Exclusive Store?

Целосните услови за гаранција се во прилог на документацијата која го придружува секој производ. Ако имате тешкотии со употребата на Вашата Lenovo техника, контактирајте нè на тел. 02 3100 461 или email:

Како да стапам во контакт со сервисот?

Секој производ доаѓа со гаранција на која се наведени контакт податоци за авторизираниот сервис.

АВТОРИЗИРАН СЕРВИС LENOVO - THINK И IDEA ПРОИЗВОДИ
Ул. Атинска бр.12, 1000 Скопје
Тел. 02 3090 625, 02 3090 490

Понеделник - Четврток, 8:30 - 17:00; Петок, 8:30 - 14:30

АВТОРИЗИРАН СЕРВИС LENOVO - СМАРТФОНИ
Бул. Партизански Одреди бр.101, 1000 Скопје
Тел. 02 3090 060
Call Center: 080 080 777
Понеделник - Петок, 8:30 - 16:30

Кој е рокот на испорака?

Производите можете да ги подигнете од просториите на нашата компанија или да Ви бидат испорачани преку курирска служба. Подигањето на производите од нашите канцеларии се врши по претходна потврда на нарачката.

Испорака на нарачаните производи преку курирска служба: Доставата се врши само на географската територија на Република Македонија, која ги исклучува испораките во македонски странските дипломатски мисии, амбасади, и др. кои според нормите на меѓународното право се сметаат за дел од територијата на Република Македонија. При испораката примачот потпишува испратница со која се потврдува исполнувањето на договорот.

Рокот за испорака на порачани производи од онлајн продавницата е во рок од 3 работни дена по потврдувањето на нарачката. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 13 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. За стоките кои се означени како "Очекувани", рокот на испорака ќе биде доставен дополнително на корисникот, според конкретната нарачка или барање.

Која е цената на испораката?

Испораките за нарачки над 6 000 денари се бесплатни за целата земја. За дополнителни информации контактирајте нè на тел. 02 3100 461 или email:

Можно ли е да не се плати ДДВ?

Сите продажби задолжително вклучуваат и ДДВ. Важат само исклучоците согласно законот, за кои е потребно лицата ослободени од ДДВ да ги достават потребните документи.