КОМПЈУТЕРСКА КОМПАНИЈА БРОЈ 1 ВО СВЕТОТ
Lenovo е компјутерска компанија број 1 во светот, вредна повеќе од 34 милијарди американски долари и работи во над 160 држави. Нејзиниот успех е изграден врз култура на непрестајна иновација, која што ѝ помага на компаниjaта да создава револуционерни продукти со иновативни технологии.
Основана во 1984 година, Lenovo стана голема глобална сила по придобивањето на компјутерскиот оддел на IBM во 2005 година, а со него и светски познатиот бренд Think.
Од тогаш ThinkPad останува на врвот на бранот, освојувајќи повеќе од 100 важни награди за дизајн во непрекинатиот стремеж кон иновативни технологии, кои одговараат на зголемените потрошувачки потреби. Со елеганција во дизајнот и елеганција во функциите, Lenovo го создаде и го одржува стандардот во индустријата за отпорност, издржливост и сигурност. И до денес ThinkPad останува најфлексибилната и најмоќната алатка за оние кои сакаат да го направат невозможното. Со повеќе од 100 милиони продадени ThinkPad, не е ни чудо што Lenovo е најбрзо растечката компјутерска компанија на планетата.
*Intel, the Intel Logo, Intel Inside, Intel Core, and Core Inside are trademarks of Intel Corporation in the U.S. and/or other countries.