Ексклузивна Lenovo продавница

НАД ВОЕНИТЕ СТАНДАРДИ

За дизајнерите на ThinkPad поставувањето на потребите на корисниците на прво место е суштината на сè што прават. Тоа значи дека усогласеноста на меѓународните стандарди е само почетокот. Заедно со регулаторните норми и најсложените спецификации за воени стандарди Mil-SPEC 810G, инженерите на Lenovo создадоа дополнителни иновативни методи за тестирање за да можат да ја гарантират исклучителната сигурност и издржливост на ThinkPad година по година.

Овој ThinkPad преживеал пожар и сè уште работи, можете да го видите во Lenovo Exclusive Store во Софија, Бугарија.

ВОЕНИ СТАНДАРДИ MIL-SPEC

Mil-SPEC е збир од стандарди, развиени за тестирање на издржливост, отпорност и сигурност. Овие тестови опфаќаат екстремни променливи услови на животната средина како температура, притисок, прашина, влага и вибрации.

Иако ThinkPad лаптопите секогаш биле познати по својата издржливост, тие не се направени специјално, само за да ги издржат Mil-SPEC 810G стандардите. Покривањето на стандардите е само почеток на издржливостта, отпорноста и сигурноста на ThinkPad. Одбрани ThinkPad модели, вклучувајќи ги сите X и T серии, успешно ги поминаа следните тестови:

ОТПОРНОСТ

Паѓањата, судирите или ударите лесно можат да ги оштетат обичните компјутерски компоненти, но иновативниот дизајн, специјалните материјали и квалитетната конструкција на ThinkPad значат дека тие се доволно цврсти за да се справат со нив. Од екранот и куќиштето, до портите и разладувањето, ригорозниот режим на тестирање гарантира дека ThinkPad нема слаба точка.

ВИБРАЦИЈА ПОД ТЕЖИНА

ThinkPad е создаден и тестиран да може да ја издржи и на најинтензивната канцелариска работа и затоа тој нема да се оштети ниту доколку го оставите да работи долго време затрупан под многу документи или куп од книги.


ШОК И ВИБРАЦИЈА

При овој тест ThinkPad се подложува на шок и вибрација до 1.4G, за да бидете сигурни дека Вашиот ThinkPad ќе работи дури и кога работите не одат како што треба.


ТЕСТОВИ ЗА УДАР

Возови, авиони и автомобили. ThinkPad е подложен на стотици случаи на удари при тестирањето, за да бидете сигурни дека тој ќе преживее по мноштвото удари и судири, кои се дел од бизнис животот и патувањето - без разлика дали е во Вашиот багаж, ставен во преградата за багаж или под седиштето пред Вас.


ТЕСТИРАЊЕ НА ТВРДИОТ ДИСК СО ИСПУШТАЊЕ ПОД АГОЛ

Вртејќи се со 7 000 вртежи во минута и тенка само дел од милиметар, магнетната површина на тврдиот диск е подложна на оштетувања при ненадејни движења. Нашите тестови за тврдиот диск со испуштање под агол се така разработени да можат да го симулират вообичаеното однесување на корисникот, кое што го подложува ThinkPad на различни степени на туркање, превртување и испуштање - гарантирајќи дека интегритетот на податоците ќе биде зачуван при секојдневна употреба и случајни инциденти.


ИЗДРЖЛИВОСТ

Справувањето со задачите бара внатрешна сила, секој ден, месец по месец и година по година. Тоа е и суштината која го прави ThinkPad најдобриот бизнис лаптоп во светот. Отворање, затворање, дигање, спуштање, нагоре и надолу по скалите, вклучување, исклучување, повторно и повторно. Сето ова се акумулира. Затоа ThinkPad се тестира толку упорно - за да се осигура дека може да го издржи кумулативниот ефект од години патувања, работа и забава.

ТЕСТ НА РАБОТА

За да се исклучат секакви дефекти или оштетувања на компонентите, инженерите на Lenovo симулирaт над 240 часа непрекината работа, за да сте сигурни дека можете да се потпрете на Вашиот ThinkPad од првиот до илјадитиот ден.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ТЕСТ СО РОБОТ

Ниту еден тест не е совршен - и тоа е суштината на овој тест. За разлика од роботот кој се употребува за автоматизирано производство, кој што неуморно ги извршува процедурите повторно и повторно со точна последователност, тестирачкиот робот на ThinkPad е програмиран да ја имитира човечката рака со варијации во силата и аголот. Тој влече кабели, става и вади USB уреди од нивните порти, за да ги рекреира гребењето и триењето предизвикани од години повторувачка, но различна употреба во реалниот живот.

ТЕСТ ЗА ПРИТИСОК ВРЗ ЕКРАНОТ

Инциденти се случуваат и никогаш не ни текнува да го исклучиме компјутерот, пред да го испуштиме. Затоа ThinkPad се тестира, за да преживее по пад од обично биро на секој од осумте агли - додека сѐ уште работи.

ТЕСТ ЗА СТАТИЧКИ ЕЛЕКТРИЦИТЕТ ОД КАБЛИТЕ

Секој приклучок, кабел и USB уред има потенцијал за штета од електростатика. Преку овој тест ние потврдуваме дека портите на ThinkPad се заштитени при 9 000 волти електростатски напон.

БЕЗБЕДНОСТ

Како доверлив партнер за Вашето бизнис патување, Lenovo лаптопот ќе биде до Вас преку целиот ден, а понекогаш и преку ноќта. Затоа е исклучително важно да можете да сметате на својот ThinkPad, дека ќе работи додека работите и Вие.

ТЕСТОВИ:


ПО СЦЕНАРИО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

За да се осигураат дека ThinkPad продуктите ги задоволуваат и надминуваат очекувањата на потрошувачите, Lenovo експертите го проучуваат однесувањето на корисниците, потоа развиваат тестови кои го имитират и надминуваат однесувањето на типичниот бизнис корисник со компјутерот. Тоа вклучува фаќање со една рака, вклучување и исклучување од докинг станици и тестови со нишање. А ова е само почетокот.


ВРВНИОТ ТЕСТ ЗА ПРАШИНА

Акумулација на прашина е непријател број еден за секој компјутерски систем, предизвикувајќи штета на вентилаторот, што води кон прегревање. Но не секој вид на прашина има исти својства. За да ги репродуцираат различните видови прашина, Lenovo инженерите земале и анализирале проби на прашина од употребени вентилатори од шест различни држави. Од нив создале сопствен прав за тестирање на вентилаторите кој се состои од најштетните видови прашина во вистински канцеларии и домови низ светот.


ТЕСТ СО ИСПУШТАЊЕ НА ТЕЖИНА ВРЗ ЛАПТОПОТ

Во истражувачките центри на Lenovo, ThinkPad лаптопите не се единственото нешто што се испушта. Во овој тест, тие се мета за метални топки кои паѓаат од височина од над еден метар за да се докаже дека ThinkPad може да поднесе сè што околината ќе фрли кон него.


ТЕСТ СО ИСПУШТАЊЕ ВРЗ 8-ТЕ АГЛИ НА ШАСИЈАТА

Инциденти се случуваат и никогаш не ни текнува да го исклучиме компјутерот, пред да го испуштиме. Затоа ThinkPad се тестира, за да преживее по пад од обично биро на секој од осумте агли - додека сѐ уште работи.


ТЕСТ ЗА ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ

Колку пати на ден го отварате својот лаптоп? Lenovo го тестира отворањето и затворањето на ThinkPad лаптопите повеќе от 30 000 пати, што е еднакво на повеќе од 20 кревања на ден во текот на четири години. Всушност, челичните шарки на ThinkPad издржуваат до 50% повеќе циклуси на отворање и затворање отколку стандардите во индустријата.


ТЕСТ ЗА СТАТИЧКИ ЕЛЕКТРИЦИТЕТ

Секоја порта на ThinkPad се тестира за електростатски напон со строгост поголема од регулаторните барања, за да се гарантира дека нема опасност за машината или корисникот.

*Intel, the Intel Logo, Intel Inside, Intel Core, and Core Inside are trademarks of Intel Corporation in the U.S. and/or other countries.